Sweet Home

Со сребрени тонови создадете елегантен ентериер

Сребрените тонови ни доаѓаат од најразлични метали како што се сребро, хром, никел, необработен челик и нормално платинум. Доколку сте љубител на елегантниот ентериер тогаш определете се за сребрените елементи во домот.

За да имате потполн ефект вметнете и антиквитет од сребро како декорација. Лампи, рамки за слики, вазни, свеќници…

Сребрените тонови се модерни и без разлика во кое време е граден и уредуван просторот тој секогаш ќе изгледа елегантно и убаво.

Сребрените тонови делуваат неутрално. Одаваат чистота и мир, релаксација и отменост која е неопходна за пријатни мигови во домот.

Напиши коментар