Убавина

Со супер трикови – до повеќе убавина

1. Лек против митесери и мозолчиња ?

Испробано и докажано  – сода бикарбона. Дозволува детоксикација и затоа од порите ги отрстранува сите нечистотии. Потребни се само две лажици сода бикарбона и три лажици варена вода. Ставете ја содата во водата и оставете да се раствори. Држете го пешкирот над пареата барем пет минути, така што ќе ја заджи потребната количина сода бикарбона и потоа ставете го на лицето.

2. Темни подочници

Помешајте 2 лажици етерично масло рузмарин, 2 децилитри домашна ракија и една рака ливчиња од роза. Откако ќе отстојат недела дена, исцедете ја течноста додајте 1 децилитар дестилирана вода и ставете ја облогата на очите, наутро и навечер.

3. Рецепт против првут

Намачкајте го темето со бебешко масло, оставете да отстои 10 – 15 минути, а потоа измијте го и исплакнете го, со шампон и вода. Постапката се повторува после 2-3 миења.

4. За подолги трепки

Една од безвременските мерки да се засили растот е вазелинот. Ако се користи правилно може да има чудотворен ефект. Нанесете го пред спиење, од коренот на трепките, со четка по целата должина. Наутро, измијте го со млака вода.

5. За отстранување маскара или сенки

Најчесто, маслиновото или сончогледово масло одлично ја отстранува шминката и го хидратизира подрачјето околу очите. За пилинг на лице, одлична е смесата од пченкарно брашно со неколку капки маслиново масло.

Напиши коментар