Убавина

Со водка до убавина

Водката не служи само за пиење. Со неа може да направите неколку третмани за разубавување.

Со водка против отворени пори

Навечер наместо со лосиони исчистете го лицето со малку водка истурена на памук.

Водка за побрз раст на косата

Во шишето со шампон сипете една чашичка водка. Се верува дека таа го потикнува растот на косата.

Можете сами дома да си подготвите течност за плакнење на устата. Измешајте 50 гр цимет со 500 мл водка. Затворете го добро шишето и оставте нека отстои една недела. Потоа процедете и измешајте ја течноста со половина литро топла вода.

Направете лек против првут со водка

Измешајте три лажици мелен рузмарин со 250 мл водка. Оставете ја смесата нека преноќи, а наутро процедете ја и масирајте ја главата.

Напиши коментар