За да имате врел изглед и на врелото сонце неопходна е добра стратегија и борба против топлината и влажноста…
Ви нудиме таква, со која наместо сјајна T – зона, размачкана маскара и размачкано руменило ќе добиете сјаен, матен тен, отпорен на сите временски (не)прилики…
Отстранете го сјајот
Овие чекори ќе Ви помогнат да се изборите со масната кожа која сјае:
Одберете полесна формула – Време е да преминете на хидратантна крема без масло (oil free). Доколку веќе користите ваква верзија, пробајте верзија која го „ убива “ сјајот и која ги впива маснотиите, а притоа ја негува кожата.
Одберете ја вистинската пудра – Доколку сакате да ги прикриете подочниците или евентуално, акните, употребете само коректор. За време на Летото, доволна ќе Ви биде само хидратантна крема во боја, а доколку е потребна поголема корекција, употребете добра база пред нанесувањето на пудрата.
Задржете го руменилото на Вашето лице
Руменилата и бронзерите можат да изгледаат прилично неуредно кога е топло. Пробајте гел или крем формула. Ваквите текстури подолго се задржуваат на лицето. Едноставно, кожата го „ впива “ руменилото со што и долготрајноста е загарантирана.
Фиксирајте ги моливот и маскарата
Најдобар совет кој ќе го спречи „ топењето “ на шминката:
Подгответе ги капаците – За сенката да остане што подолго на капаците, нанесете беж пудреста сенка. Навалете ја главата назад, затворете ги капаците и на тој начин ќе ја „ израмните “ сенката, без да се задржи на аглите.
Променете го моливот – Моливот за очи на база на восок е склон кон брзо топење. Наместо тоа, користете течен ајлајнер, доколку воопшто имате потреба да ги оцртате очите.
Зацврстете ги трепките – Водоотпорната маскара е најдобро решение.
Контролирајте ја штетата
– Користете специјални туфери за впивање на маснотиите. Употребувајте ги на деловите од лицето кои сјаат.
-Освежувајте го лицето со специјални антибактериски тонери. Така ќе го спречите претераното сјаење на кожата и затворените пори, а истовремено да ја освежите шминката.
-Нанесете тенок слој транспарентна пудра во прав на Т – зоната.
