Зумбата се темели на филозофијата на тренирање во интервали и системот на атлетско тренирање, кој комбинира кратки периоди на интензивна активност со периоди на слаба активност.
Всушност со ваквиот принцип на вежбање, Вашето тело е приморано на поголема активност отколку со вежбите со изедначено темпо. На пример 15 минути зумба е еднакво на 45 минутно возење на велосипед.
Зумбата во неколку последни последователни години стана голем хит помеѓу жените. Зумбата комбинира игра и фитнес врз основа на латино музика, а со самото тоа преставува вистинска забава и корисна телесна активност на која се помалку припаднички на понежниот пол можат да и одолеат.
Според многумина зумбата е вистинскиот избор за супер тело и одличен начин како најздраво и најпаметно да се изгубат вишокот на калории…
За да се потврди тој факт мора да се споредат неколку други едночасовни активности со едночасовна зумба активност…
Хип хоп
Помеѓу 370 и 500 калории на час.
Салса
Околу 400 калории на час
Балет
Од 380 до 450 калории на час
Свинг
Помеѓу 300 и 500 калории на час
Зумба
Помеѓу 600 и 800 калории на час
Зумбата не е само трошење калории таа нуди многу повеќе…
Го подобрува кардиоваскуларното здравје
Најлесно ги согорува килограмите
Ја подобрува координицијата
Го подобрува расположението
Го намалува стресот
Го ослободува телото од штетните токсини