Art & Crafts

Сочувајте го мирисот и вкусот на зачините !!!

Правилното чување на свежите зачини им го продолжува векот на траење, нивниот вкус и арома. Важно е каде ги држите, но и како ги ставате во јадењето…

ПРАВИЛНОТО чување на свежите зачини и зачински билки, во добро затворен сад, е гаранција за задржување на нивниот век на траење, нивниот вкус и арома. Доколку се чуваат во садови, зачините може да траат и до четири години, а мелените зачински билки и две до три години. Иако не може да се расипат, зачините и зачинските билки може да ја изгубат нивната јачина. Затоа, веднаш по употреба, цврсто затворете го садот во кој ги чувате. Исто така, избегнувајте да ги чувате во близина на шпоретот или прозорецот…

Сувите зачински билки ќе ги сочуваат сите нивни својства, ако ги држите подалеку од изворот на топлина, влага и  директна сончева светлина. Кога готвите, немојте да ги ставате зачините директно од садот во кој ги чувате. Пареата од готвеното, ќе навлезе во задот и зачините брзо ќе ги загубат мирисот и аромата. За земање на зачин од садот, користете потполно сува лажичка. Бојата на толчената црвена пиперка или чилито, може да се задржи доколку истите ги чувате во фрижидер.

Напиши коментар