Мода

Sockbox Boudoir – прекрасна колекција на чорапи

Литванскиот бренд Sockbox ни носи прекрасни примероци кои уште на прв поглед нé хипнотизираат со прекрасни детали и симпатични мотиви. Хулахопките и доколенките, по Ваш избор и вкус се во огромен избор, а она што е најпримамливо е дека се уникатни. Самото име на колекцијата ни го открива местото од кое потекнува инспирацијата, а тоа не може да биде поженствено и поинтимно од интимниот простор за спиење на една жена.

Кампањата верно опишува божествено чувство на задоволство и уживање, пренесено токму преку самите чорапи.

 

Пастелните бои украсени со украсни тантели и ружи од ткаенина, ја откриваат романтичната и нежна страна на жената.

 

Прекрасните и стилизирани цветови од ружи со темна подлога и чипкастиот мотив на истата истовремено даваат задовлив и секси изглед.

 

Разиграно како девојче, со помош на пеперутки и панделки, хулахопките ќе направат да се чувствувате и опуштено но и неодоливо.

 

Шарениот принт во трендовските пастелни бои или геометриските мотиви одлично ќе се вклопат во некоја поедноставна дневна комбинација.

 

Доколенките со панделки се опасно парче кои даваат фатален изглед.

 

Тантелата, како додаток на горниот дел од чорапите или на глуждот, е провокативен детал кој се надополнува со нежни нијанси.

Напиши коментар