ШоуБиз

Sofia Vergara е повторно соло!

Sofia Vergara (39) наводно раскинала со дечкото Nick Loeb, кој инаку е бизнисмен и сега е повторно слободна птица.

Во понеделникот, актерката била на еден гала настан во Њујорк и таму пристигнала сама. На останатите гости им кажала дека нејзината врска е готова и дека повеќе нема дечко.

Засега, нејзиниот гласноговорник не е достапен за коментар. Инаку, како што сите знаеме, Sofia беше заинтересирана што е можно побрзо да се омажи со Loeb и основа семејство, но изгледа работите не оделе според нејзиниот план.

–          Во последно време доста се караа и повеќе пати беа на работ на раскинување, – вели близок извор на актерката.

Двојката беше заедно од 2010 година, кога Loeb беше повреден во сообраќајна несреќа.

Напиши коментар