Здраво тело

Согорете ги калориите со зелен чај

Со години се проучуваше позитивното својство на зелениот чај врз човечкиот организмот, и на крајот сепак се потврди дека тој е добар за обновување на целото тело. Некогаш зелениот чај се користел само како лековито средство, додека денес се користи и како средство за здравје и како средство за убавина.

Доколку правилно знаете да го употребувате, вие со една шолја зелен чај може да си помогнете да согорите многу калории.

Зелениот чај содржи шест основни полифеноли, познати како катехини. Тоа се состојки кои делуваат како подвожувач на метаболизмот. Зелениот чај има 27% катехини, додека црниот чај има само 4%.

За да го постигнете ефектот на забрзан метаблизам и брзо согорување на калориите, во текот на денот треба да испиете најмалку 3 шолји зелен чај. Но, при тоа да не заборавите на водата. Чајот не може да ви биде замена за потребната количина на вода.

Напиши коментар