Сојата спаѓа во во листата на супер храна. Има големи хранливи вредности и поволно влијае на здравјтео. Се смета дека сојата потекнува од Кина и дека се користи во исхраната повеќе од 4000 години.
Постојат повеќе видови на соја: жолта, зелена и црна соја. Стручњаците сојата ја вбројуваат во суперхрана која лечи.
Сојата има многу малку калории, а е богата со витамини и минерали, затоа се препорачува на оние кои сакаат да ослабат. Богата е со: аминокиселини, бакар, белковини, билни вклакна, витамини од Б комплексот, витамин Ц, Е, К, железо, јод, калциум, магнезиум, фолна киселина, цинк….
Сојата помага кај следните здравствени проблеми: болки во зглобовите, депресија, дијабетес, остеопороза, проблеми со бубрезите, главоболка, инфекции, проблеми во менопауза…
Сојата особено се препорачува на жените во бременоста, како и на жените во менопауза.
Сојата се користи како замена за месото, а не содржи холестерол. Два до три пати неделно е доволно да биде застапена на менито за да имате супер здравје.