Убавина

Сок од лимон – совети за убавина од ова кисело овошје

Мајката природа не снабдила со многу корисни состојки кои се добри и за здравјето, но и за убавината. Ова е една таква состојка која е добра за здравјето, но може многу да ви помогне и во домашната нега.

За здрави нокти

Ако сакате да имате бели и цврсти нокти тогаш пробајте го ова: потопете ги ноктите во сок од лимон и така држете ги 10 минути. Потоа исчеткајте ги со четка за заби која ја потопивте во разреден оцет. По овој третман ноктите ќе бидат значително поцврсти, а и многу побели.

Решете се од акните

Пред да одите на спиење истријте го лицето со сок од лимон, а потоа измијте го со ладна вода. Правете го ова секоја вечер додека акните не се повлечат.

Омекнете ги тврдите делови од кожата на телото

Со сок од лимон или со половинка од лимон тријте ги лактите, колената, петите… оние делови од телото каде кожата е задебелена и потемна. По ова кожата ќе стане мека и посветла.

Природен осветлувач на косата

Измешајте ¼ шолја сок од лимон и ¾ вода. Со оваа течност премачкајте ги прамените од косата кои сакате да ги осветлите. Останете на сонце најмалку половина час.

Регенератор за коса

Ако имате сува и безживотна коса, лимонот може да ви биде од корист. Измешајте 3 лажици сок од лимон, ¾ шолја маслиново масло и ½ шолја мед. Најпрво измијте ја косата, избришете ја со пешкир, па премачкајте ја со оваа смеса. Замотајте ја со кеса и оставете ја барем половина час. Потоа измијте се повторно со шампон.

Напиши коментар