Здраво тело

Сокот од вишни – најголем непријател на несоницата

Освен што на многумина им е омилен безалкохолен пијалак, сокот од вишни има и други благотворни својства….

Додека една храна предизвикува поспаност, друга- предизвикува несоница. Со други зборови, храната и пиењето во голем деј влијаат на квалитетот на сонот. Така, храната која содржи јаглехидрати го олеснува влезот на аминокиселините во мозокот, а тие пак, предизвикуваат сон. Така што, комбинацијата од јаглехидрати и протеини – создава идеална вечера.

Обилните оброци што вклучуваат јаглехидрати, предизвикуваат поспаност, а внесот на кофеин во доцните попладневни часови или пред спиење, може да предизвика отежнато спиење. Енергетските пијалоци за многу брзо време го подигаат енергетското ниво, но таа енергија исто така бргу опаѓа. Алкохолот го пореметува сонот и може да го спречи постигнувањето на „длабокиот сон“.

Сепак, магичниот напиток- сокот од вишни е оној кој ја ублажува несоницата и го скратува времето потребно за да се „потоне“ во сон. Научниците претпоставуваат дека вишните делуваат поволно кога е во прашање несоницата, поради содржината на антиоксидантси, во случајот мелатонин, за кој е констатирано дека кај луѓето влијае на природниот циклус.

Напиши коментар