Мојата кујна

Солени мафини од домашната кујна

Потребни состојки:

–          500 гр сирење

–          2 мали тиквици

–          4 јајца

–          8 лажици масло

–          сол и бибер

–          половина лажичка пециво

–          200 гр пченкарно брашно

–          200 гр бело брашно

–          половина чаша јогурт

Подготовка:

Во длабок сад изрендајте ги тиквиците, додајте ги јајцата и изренданото сирење, сето тоа убаво измешајте го. Полека мешајте и додавајте од  маслото и двете врсти на брашно и пецивото. Посолите и зачинете по желба, па додадете го јогуртот.  Смесата сипете ја во калапи кои претходно ги обложивте со хартија за печење или ставете хартиени калапи. Печете на 200 степени околу 15 – 20 минути.

Напиши коментар