Потребни состојки за палачинките:
– 2 јајца
– 150 гр брашно
– 300 мл млеко
– малку сол
Потребни состојки за филот:
– 200 гр бело пилешко месо
– 1 домат
– 2 лажици сос од домати
– една главица кромид
– 2 чешниња лук
– магдонос
– ѓумбир
– масло
– сол и бибер
Подготовка:
Од состојките за палачинки направете смеса и испечете ги палачинките. Доматот исецкајте го на коцки, посолете го и оставете го половина час. Пропржете го на загреано масо лукот и кромидот. Додајте го белото месо исецкано на коцки. Откако малку ќе се запржи ставете го посолениот домат, но исцедете ја непотребната течност. Кога ќе омекне доматот и пилешкото ставете го доматниот сос и зачините. На крајот ставете го исецканиот магдонос. На средината од секоја палачинка ставете од смесата и завиткајте ја палачинката, прицврстувајќи со парче лист од млад кромид.