Здраво тело

Соодветниот градник е многу важен за Вашето здравје

… А сепак австралиско истражување покажува дека дури 80% од жените носат неадекватна големина на градник.

Големината на градникот 4 значи дека секоја дојка тежи барем 600 грама, што преведено на јазикот на биологијата би значело дека секоја жена во градите носи по барем еден литар млеко. Без соодветна поддршка, оваа тежина би можела да смета на грбот, да предизвика болки во вратот и рацете и да влијае на лошото држење. Исто така, ова би можело да смета и на жените кои вежбаат.

Истражувањето на „ Институтот за спортска медицина “ во Австралија покажува дека 88% од тинејџерките носат градник кој апсолутно не им одговара и дека дури 85% од жените не знаат да ја изберат правилната големина на ова парче долна облека.

Како последица, овие млади жени и подоцна во животот носат градници кои не им одговараат, а посебни студии откриваат дека 85% од жените носат неадекватни модели и големини на градници.

Водачот на истражувањето, Др. Дидри МекГи верува дека за ова постојат бројни причини и дека срамот е една од нив. Лекарката смета дека прашањето за долната облека сеуште е табу тема. „ Жените обично учат од нивните мајки, кои не им ги пренеле вистинските информации. Тоа за нив е непријатна тема“, кажува лекарката.

Една од најчестите појави е неудобен градник и фактот дека жените со нетрпение чекаат да се вратат дома, за да се ослободат од него. Во истражувањето, се покажало дури дека жените не ни сметаат дека градникот треба да биде удобен. Во суштина – МОРА !!!

Градникот треба да легне, да одговара, како што одговара ракавицата за една рака. Дури и најскапиот градник на светот е лош, доколку не одговара на Вашите гради.

Напиши коментар