Француската актерка Ванеса Парадис за прв пат прозборе за своите размислувања во врска со љубовта откако се раширија гласини дека нејзината 14-годишна врска со актерот Џони Деп се наоѓа на работ на пропаст.
Таа вели дека во моментот е сконцентрирана на промовирање на својот најнов филм „Cafe De Flore“, во кој игра самохрана мајка.
Актерката која со Џони Деп има две деца изјавила дека воопшто не верува во брак, ниту пак во сродни души.
– Ако ја изгубиш сродната душа, тогаш сè е готово. Идеата дека постои таква личност е навистина романтична, но само за на филм или за во песна. Во вистинскиот живот, таа идеа ме плаши, – вели Ванеса.
Сепак, во ниеден момент таа не го именувала Џони Деп, ниту пак дала коментар за нивната врска.