ШоуБиз

Сопругата на Zuckerberg била гениј во средно!

Priscilla Chan не е толку позната во светот како нејзиниот сопруг, сопственик и основач на Фејсбук, Mark Zuckerberg, но во средно школо била прогласена за гениј.

27-годишната сопруга на Zuckerberg заедно со соученикот Bao Truong ја добила титулата „гениј“ додека одела во средното училиште во Квинс, Масачусетс во 2003 година.

По завршувањето на средното училиште, Priscilla отишла да студира на Харвард каде го запознала Mark, денес еден од најбогатите луѓе на планетава. Биле потребни неколку години, поточно цели девет години врска, за конечно да се решат да го изговорат судбоносното „да“ пред олтарот.

Напиши коментар