Атрактивната старлета Сораја овие жешки денови ги поминува на Ибица во друштво со својата најдобра пријателка. Таа често ги информира своите фанови за нејзините секојдневни активности. Слики од најразлични забави и коментари за секоја од нив.

За да не излезе дека тука сум само за забава, еве доказ дека поминувам некое време и во теретана, напишала Сораја под новата фотографија.

Од фотографијата јасно може да се види дека таа и во теретана е со 12 см штикла. Дали таа навистина така вежба или се ова само позерски фотографии не се знае.

