Мода

Совети од Луботин – 10 пара чевли кои секоја жена мора да ги има!

Кралот на дизајнерските чевли Кристијан Луботин го кажа своето мислење за тоа кои 10 видови на чевли мора да ги има секоја жена во својот плакар.

Луботин тврди дека секоја дама во својот плакар мора да има неколку пара рамни чевли, меѓу кои дефинитивно мора да има еден пар римјанки, еден пар кои изгледаат како машки чевли и еден пар класични рамни чевли.

Дизајнерот, чии креации постојано ги воодушевуваат жените низ светот, исто така истакна дека секоја жена мора да има и неколку пара чевли на високи потпетици. Тој нагласува дека најважни се црните класични салонки, како и еден пар месо боја чевли со високи потпетици и отворен прст, како и едни сандали на високи потпетици.

Луботин смета дека во плакарот на една дама мора да има и едни секси високи чизми за вечерна забава, едни чизни на високи потпетици до глужд, едни гламурозни чевли на високи потпетици и едни чевли кои ќе го изразуваат карактерот на жената.

Write A Comment