Art & Crafts

Совети за побрзо и полесно пеглање

Со пареа можете да испеглате и „забранети“ материјали, а алиштата од сушилката за алишта ќе се исправат додека се туширате. Пожелно е сè да пеглате од опачината.

Ако ја оставете облеката во сушилка за алишта, место повторно да ја перете или „тормозете“ со пегла, едноставно обесете го во бањата додека се туширате. Пареата ќе ја навлажни што дури и ќе се исправи. А за да го забрзате пеглањето, облеката најпрво раздвојте ја според температурата за  пеглање.

Свилата и синтетиката се пеглаат на ниска температура (176) степени целзиусови, волната на средна или висока, а памукот и постелнината на висока (204 – 218). За поголемите ствари како што се чаршавите за маса или завесите од двете страни на даската за пеглање ставете столици и, како пеглате, испегланите делови нежно положувајте ги врз нив. Така ќе избегнете да се прават брчки веднаш по пеглањето.

Облеката подолго ќе ја зачува бојата и текстурата во колку се пегла од внатрешната страна, но ако станува збор за многу осетлива ткаенина, имајте секогаш при рака чиста памучна крпа, газа или пешкир која ќе послужи како заштитен слој меѓу ткаенината и врелата пегла.

Јаките не смеат да се притискаат со пеглата

Јаките на кошулите прво испеглајте ги од внатрешната страна. Почнувајќи од нивните предни рабови, со врвот на пеглата полека одете кон средината. Свртете ја кошулата на лице и повторете го истото уште еден пат. Не притискајте со пеглата, само лизгајте со неа по материјалот. Веднаш потоа облеката здиплете ја или обесете ја на закачалка.

Облеката со фалти најнапред треба да се израмни

Со кружни движења ткаенината лесно се растегнува и исправа. Пеглањето на фалтите треба да започне одоздола, па спрема внатре и потоа спрема надвор. На крајот „фиксирајте“ ги со пареа. За разлика од останатата облека, облеката со фалти не ја диплете веднаш, туку оставете ја за фалтите да слегнат. Внимавајте и какви продолжителни кабли користете –  би морале да трпат оптоварување од барем 12 ампера како не би прегореле. Најдобри се тие со по еден приклучок.

Двојна помош од пареата

Ако материјалот е посебно склон на брчкање, намокрете еден пешкир, ставете ја врз него облеката и испеглајте ја. Ако при тоа уште  користете и пегла на пареа, облеката ќе биде беспрекорно испеглана. Почекајте да се излади пред да ја склопите.

Пареата пегла и материјали за кои е забрането  пеглање

И кадифето може да се исправи со пареа. Наместете ја пеглата на околу 1,5 см од внатрешната страна на ткаенината и израмнете ја со пареа. За да го задржи првобитниот облик, облеката од растеглива ткаенина треба да се пегла во правецот на ткаењето.

Напиши коментар