Убавина

Совети за шминка во летните денови

Во жешките летни денови важно е да изгледате свежо и да не ви се разлее шминката низ целото лице. Затоа не е потребно да минувате часови пред огледалото и да губите трпение. Еве неколку совети за шминкање кои ќе ви помогнат во топлите летни денови.
Шминката треба да е светла.
Во текот на летото носите блузи и памучна облека во светла боја, па така и шминката нека биде таква. Светлата шминка изгледа природно па така нема да се издвојувате од останатите. Таа помага на вашата кожа да дише и прави да изгледате помладо.
Лице и кожа
Пред да излегувате на сонце ставете крема со заштитен фактор која ќе ја штити кожата од сонцето. Користете многу лесна пудра и руменило во меки розови тонови.
Усни
Подалеку од темните нијанси на кармин, наместо тоа користете само сјај или кармин во светни тонови. Дајте им на усните заводлив и природен изглед.
Очи
Шминката нека биде неутрална. Користете златни, зелени, портокалови меки сенки. Ако не сакате по капењето да имате црни  дамки околу очите користете водоотпорни маскари. Моливот за очи може да биде во црна, сива, кафена или сина боја.
Обидете се шминката да ја сведете на минимум, само така ќе изгледате секси и привлечно. Сепак, сите се некако посимпатични кога се допрени од сончевите зраци, нели?

Напиши коментар