Motherhood

Совети за среќен брак

Пред Вас се лесни и брзи стратегии кои ќе успеат да ги намалат недоразбирањата, ќе го врати секси расположението а со тоа и векот на љубовта.
Премногу едноставни за да не ги следите…

Отворете шише вино

Една студија во 2010 покажа дека паровите кои пијат заедно се чувствуваат поблиски и имаат помалку недоразбирања во бракот за разлика од оние кои не пијат или пијат поединечно. Секако не треба да претерувате, најдобрите ефекти се постигнуваат со 1 до 3 чаши алкохол.

Заедничка туш – купка

Секој брачен пар може да одвои барем 30 минути од неговото време, кое ќе го помине под топол туш или мирисна брачна купка. Пробајте да го изведете тоа рано наутро или пред одење во кревет.

Контролирајте го бесот

Ако се вратите дома со лошо расположение, вдишете длабоко. Проверете меил или нешто слично – се со цел да не ја истресете својата нервоза врз брачниот партнер.

Пофалете ја својата подобра половина

Правете го тоа кога сте заедно. Кога сте во друштво на други луѓе, а разговорот се движи кон родителство, брак, работа, пофалете го својот партнер дека е добар татко/мајка … така тој/таа ќе знае дека е ценет и сакан.

Одете во кревет во исто време

Макар и да немате намера да спиете, кога еден од Вас двајцата иде на спиење другиот би требало да му се придружи барем на кратко гушкање.

Write A Comment