man fashion

Совети за стилот на мажите

Сива, кафена, тегет, темно зелена, црна… тоа се боите кои се присутни во трендот на машката мода. Но, сите овие смирени бои треба да ги разбиете со светла боја на панталони или чевли.

Мажите кои одат на работа може малку да здивнат од официјалноста, нормално ако тоа го дозволува нивната работа. Модните трендови дозволуваат одлична комбинација на стиловите, така што она што сега е модерно е далеку од класиката.

Свиткани ногавици, чевли во весели интензивни бои, кошула со подвратени ракави, комбинација од фармерки и кошула… сето тоа беше претставено на модната недела во Милано. Затоа мажи слободно комбинирајте ги мирните и веселите бои, есента дозволува уште малку да се поиграме со шаренилото.

Напиши коментар