ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
100 грама шеќер
200 грама маргарин
100 грама чоколадо за готвење
4 лажици брашно
1 прашок за печиво
500 милилитри слатка павлака
200 грама чоколадо за готвење
1 лажица шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Искршете ги јајцата одвојте ги жолчките од белките. Од жолчките и шеќерот изматете цврст крем, потоа додадете го стопениот маргарин и стопеното чоколадо, убаво измешајте и потоа додадете го брашното и прашокот за печиво. Потоа од белките направете шлаг и додадете го во кремот од жолчки и убаво измешајте со лажица, мешајте додека не добиете компактна маса.
Ставете го кремот во плех за печење и печете на 180 степени Целзиусови 20 минути.
Слатката павлака во која ќе додадете лажица шеќер ставете ја на среден оган. Кога малку ќе се замлачи додадете го искршеното чоколадо и почекајте нека зоврие, мешајте цело време за да се стопи чоколадото. Доколку чоколадото не се стопи откако слатката павлака почне да врие, тргнете ја од оган и продолжете да мешате додека целото чоколадо не се стопи.
Внимавајте кремот да не се олади пред да го ставите врз испечениот чоколаден пандишпан. Колку е пожежок толку поубаво ќе се впие во пандишпанот.
Откако ќе го направите колачот оставете го во фрижидер околу 6 часа за кремот убаво се стврдне.
Уживајте!!!
1 Коментар
Divan kolač, jedino mu ne valja što mora da se čeka šest sati da se jede 🙂