Зимско-есенските колекции веќе ги има насекаде, а ние сакаме да го изберете најдоброто за оваа сезона. Многу често на сите нас ни се случува да купиме парчиња кои на прв поглед ни се допаѓаат, а покасно да сватиме дека всушност нема со што да ги искомбинираме.
Затоа најдобро е пред да се оди во шопинг, да имаме во глава веќе некоја конкретна комбинација и да се ориентираме според тоа. Во кратки црти треба да дефинираме еден стил што ќе го пратиме и врз основа на тоа да ја избираме новата гардероба. Многу помалку грешки се прават ако се раководите според овој шопинг принцип.
А сега погледнете едни навистина одлични комбинации кои се надеваме ќе ве инспирираат и ќе ви помогнат да ги согледате сезонските тенденции и ќе ве насочат правилно кон создавање урбана комбинација и стајлинг.























































