Дестинации

Совршена дестинација за постигнување душевен мир

Ова место се вика Гиетхоорн и се наоѓа во Холандија. Навистина специјално место, во кое нема улици, туку можете да се шетате во чамчиња со мали мотори, или со весли.

Алтернативно може да пешачите, или да возите велосипед. Како и да е, нема автомобили, а бидејќи нема автомобили, нема галама, загадување, гужви. Па така Гиетхоорн е перфектно место за живеење за оние кои сакаат нивното утринско кафе да го пијат на чист воздух, со звукот на птиците околу нив. Поради фактот дека нема улици на Гиетхоорн му е даден интересен прекар „Северна Венеција”.

 

Напиши коментар