Убавина

Совршена грижа за вашата коса со маските од јајце

Маска против првут – потребни ви се две жолчки од јајце, сок од еден лимон и 3-4 капки рицинусово масло. Нанесете ја маската и оставете да делува 30 минути.

Маска за интензивна боја и сјај – за целта многу ситно исецкајте половина главица кромид, на што се додаваат две лажици мед, неколку капки етерично масло од лимон и две жолчки од јајце.  Се остава да делува 30 минути.

Маска против опаѓање на косата – потребни ви се две жолчки од јајце, две лажици масло од рицинус, една лажица коњак и една лажица квасец. Смесата се загрева на пареа и додека е топла се нанесува на косата. Се остава да делува 2 часа.

Напиши коментар