Маските со павлака се идеални и прилагодливи за сите типови кожа.
Павлаката е продукт кој поседува уникатни својства кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини ( А, Е, Б1, Б2, и Ц ).
Павлаката се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги. Ја подобрува циркулацијата на крв во кожата и освен тоа ја тонира, избелува и омекнува.
Но најважната предност на павлаката е тоа што нејзините полезни компоненти навлегуваат и во најдлабоките слоеви од кожата.
За освежување и храна на сувата кожа изберете павлака со висок процент на масленост, а за мрсна кожа – со најнизок.
Хидратантна маска
Потребни ви се 1 супена лажица павлака, 1 супена лажица овесно или оризово брашно и една жолчка. Мешајте додека смесата добро не се изедначи и нанесете ја на лицето и вратот во времетраење од 20-30 минути. Се плакне само со млака вода.
Хранлива маска
Измешајте добро 1 супена лажица павлака и 1 супена лажица сок од моркови или пире. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 30 минути. Маската го подобрува и тенот. Се мие со млака вода.
Маска за тонус
Измешајте 1 чаена лажица павлака, 1 чаена лажица пире од домати и една жолчка. Нанесете ја добиената смеса на лицето. Оставете маската да делува 20 минути после што се измива со млака вода.
