Убавина

Совршената дневна шминка „ брои “ осум чекори !!!

Дневниот изглед се темели на добрата подлога и неколку движења со четката, со која ќе нанесете малку руменило, а ќе изгледате свежо во текот на целиот ден…

Руменилото, при недостаток на време, може да се нанесе и на очите, кои ќе ги разубавите со маскара. За крај, усните може да ги истакнете со сјај…

Дознајте кои се важните осум чекори:

1. После утринското миење, на лицето нанесете дневна крема. При купувањето, внимавајте истата да одговара на Вашиот тип кожа. Коректорот, лесно натапкајте го со прстите, така што кожата полесно ќе го прими. Со размачкувањето може само да отстраните слој пудра.

2.Доколку имате при рака, на лицето може да нанесете make up  основа, која Вашата шминка ќе ја направиподолготрајна и ќе ги покрие несовршеностите. Така, шминката на Вашето лице ќе изгледа поубаво.

3.После основата, нанесете пудра.  При купување, пудрата испробајте ја на вратот… Пудрата на лицето може да ја нанесете со сунѓерче или прсти. Ако употребувате сунѓер, мора да знаете дека пудрата треба да ја натапкате на кожата – поубаво ќе ги прикрие несовршеностите…

4. Во случај да имате изразени подочници, може да ги прикриете со коректор. Коректорот нанесете го на подрачјето под долниот капак и со прстите, нежно натапкајте го. Не смеете да го размачкувате, бидејќи така ќе тргнете и слој пудра.

5.Ако имате потреба за долготрајна шминка, постоечката подлога, може да ја фиксирате со пудра во прав. Со лесно нанесување со четката, пудрата нанесете ја на целото лице.

6.За свеж изглед, на образите нанесете руменило и тоа, на деловите од образите,каде имате природно руменило. Со кружни движења со четката, нагласете ги јаболчниците. Руменилото, наместо сенка, нанесете го и на капаците.

7.Дневниот изглед не трпи премногу шминка. Затоа, на очите нанесете само маскара. Маскарата се нанесува од коренот, спрема врвовите на трепките…

8.Усните се Вашиот последен чекор. Препорачуваме ненападен сјај, кој ќе се сложува со руменилото.

Напиши коментар