ШоуБиз

Совршената фигура на Камерон Дијаз

Додека нејзиниот поранешен дечко Алекс Родригез се забавуваше со својата нова девојка во Мексико, Камерон Дијаз му покажа на светот што пропушта тој во Хаваи. Камерон Дијаз може слободно да се пофали со своето совршено тело, на кое ѝ завидуваат многу девојки ширум светот.

39-годишната актерка која моментално е сингл ја промовираше и новата фризура. Најверојатно во новата година решила да влезе со нов стил, а можеби и да си ги скрати непријатните сеќавања.

И таа, како голем број на други холивудски ѕвезди, решила празниците да ги помине во потоплите краеви, односно на Хаваите. Таму била забележана како си игра со делфините, а отишла во рајот заедно со своите пријатели.

Напиши коментар