За да имате совршена фризура како моделите од модните списанија – раскошни кадрици кои ја прават вашата коса густа, со волумен и здрава, не ви се потребни електрични уреди кои со помош на висока температура го постигнуваат саканиот ефект. Веројатно знаете дека косата најмногу се оштетува од честата употреба на овие термички уреди. Денес ќе ви покажам „безболна“ варијанта, а резултатот да биде ист. Единствено што ви треба е да направите лента за главата од подебел ластик. Процедурата е можне едноставна и ќе ви стане јасно како се прави тоа, веднаш штом ги разгледате фотографиите подолу. За побрз ефект употребете фен откако ќе ја навиткате косата. Ако не ви се брза, оставете нека се исуши по природен пат во текот на ноќта. Се прави на делумно исушена коса.







