Во лето , изложеноста на сонце, но и хлорот во базените, и солта од морето ја унишуваат косата. За навремено спречување на оштетувањата и за да ја задржете свежината на вашата коса во текот на целото лето, ви препорачуваме да ги превземете следниве превентивни чекори:
Ова се толку мирисни маски што ќе посакате да ги изедете, покрај мирисот се карактеризираат и со одличен ревитализирачки и делотворен ефект:
Маска од банана за сува коса
Потребни состојки:
половина банана
¼ диња
1 лажица маслиново масло
1 лажица обичен јогурт
Измиксирајте ги сите состојки во мека смеса. На свежо измиена коса, нанесете ја маската, посебно на врвовите. Покријте ја косата со пластична вреќичка и ставете пешкир преку неа. Оставете ја маската да делува 30 мин. а потоа исплакнете ја косата со ладна вода, Оваа маска нанесувајте ја еднаш во неделата. Вашата сува коса ќе добие неодолив сјај.
Хидрантна маска од лимон за сува коса
Потребни состојки:
1 лажица лимонов сок
1 лажица маслиново масло
1 лажица мајонез
Мешајте ги состојките со миксер, се додека не добиете мека смеса, и додадете 3 лажици шампон и добро измешајте. Со оваа смеса измијте ја косата и добро исплакнете ја, доколку имате осетливо теме, наместо лимон , користете портокал. Овој овошен шампон, можете да го чувате во фрижидер.
Маска од кајсија за сува кожа
Потребни сосојки:
1 кајсија
1 лажица мед
1 лажица бадемово масло
Извадете ја коската од кајсијата и измиксирајте ја заедно со другите состојки. Нанесете ја маската на измиена коса, замотајте ја во фолија или во пластична кеса и оставете да делува. Измијте ја косата на вообичаен начин. Нанесувајте ја маската еднаш неделно и вашата сува коса повторно ќе биде сјајна.