Бидете вистински предвесник на пролетта и купете си пролетна слатка чантичка со цветни дезени.
Цветните дезени и светлите цветни бои се идеална комбинација со која ќе ги пречекате првите пролетни денови. Оваа сезона цветните дезени во силни бои ќе бидат вистински хит, а беа дел и од колекциите на најпознатите модни брендови, како Долче и Габана, Луи Витон и Марк Џејкобс.
Цветните дезени често ќе ги сретнете и во најновите колекции на high street брендовите, кои и ние обичните смртници можеме да си ги дозволиме. Нивните колекции се преполни со прекрасни цветни торбички на кои оваа сезона тешко ќе им одолееме.
Погледнете ги овие торбички и направете го вашиот избор, кој ќе ви помогне и на класичните и едноставни комбинации да им додадете малку енергија и стил.








