Убавина

Спас во последен час! Домашен рецепт за борба со целулитот

Ви претставуваме неколку намирници кои успешно го разградуваат и најтврдокорниот целулит.

Јаболков оцет

Во 2 дл вода ставете 2 лажици јаболков оцет и мешавината пијте ја секое утро. Доколку не може да го поднесете вкусот на јаболковиот оцет, тогаш измешајте три лажици јаболков оцет со една шолја масло за масажа и масирајте се секој ден по два пати.

Масажа со кафе

Измешајте половина шолја кафе – ситно мелено со ¼ шолја кафен шеќер и маслиново масло. Со оваа смеса масирајте ги критичните делови.

Лимон и мед

Измешајте пет лажици мед со пола шолја сок од лимон и две лажици сол. Со оваа мешавина масирајте се, а потоа замотајте се со фолии и оставете нека делува 15 до 20 минути. Овој третман повторете го два пати во неделата.

Напиши коментар