Art & Crafts

Спасете телефон кој ви паднал во вода со помош на ориз!!!

Се повеќе луѓе ги користат мобилните телефони – на море,на базен, во бањата, и тогаш се случуваат незгодите. Не е мал бројот на случаи кога штотуку купениот телефон паднал во вода и се намокрил. Не очајувајте има решение како да го спасите Вашиот мобилен телефон, потребно се само да направите неколку битни чекори!!!

Не го палете

Доколку телефонот сам се изгасне откако паднал во вода, немојте да го палите повторно.

Извадете ја батерија

Штом го извадите од вода извадете ја батеријата и картичката од мобилниот телефон. Доколку вашиот телефон паднал во нечиста или солена вода добро исперете го со чиста вода.

Исушете го телефонот

Доколку на фенот имате опција за ладно дување употребете го да го исушите телефонот. Никако не го сушете со жежок воздух.

Најдобро решение е со помош на ориз

Да ориз точно прочитавте. Во сад кој е поголем од вашиот телефон ставате неварен ориз, и ставете го телефонот и батеријата така што ќе ги прекриете со оризот од сите страни. Откако ќе го сторите тоа оставете го телефонот во оризот од 24 до 48 часа. Оризот гарантирано ќе ја упие сета влага од телефонот.

Упал ете го телефонот

Откако поминат повеќе од 24 часа и откако оризот ја впил целата влага во телефонот време е за моментот на вистината!!!!

1 Comment

  1. koga ke vi padnetelefon vo voda trba vednas da go izvadite i so fen za kosa da ja izusite baterijata i kartckata a potoa vo oriz da ja stavete 23do 25 sekundi da ostoi i da se vpie vodata i ete vklucuvane na tlefonot

Write A Comment