Мода

Специјално од Prada … За „ Денот на вљубените“

За да ја изрази огромната љубов кон љубителите на овој софистициран бренд, Prada реши да лансира посебна линија, наменета токму за „ Денот на вљубените“. Во неодоливо слатката колекција се вклучени аксесоари од типот на: прекрасни привезоци за клуч, чанти, паричници, кожни „торбички“ за iPhone и iPad.

Овој романтичен гест, Prada го наменува за секоја припадничка на понежниот  пол, која точно знае што сака и живее во ритамот на љубовта. Срцињата овој пат се клучниот мотив на Prada, меѓутоа оригиналната изведба, шик изгледот и практичната намена, дозволува овие модни додатоци да бидат дел од Вашето секојдневие.

Prada сака да Ве потсети да бидете вљубени и во модата и Ви го честита празникот Св. Валентин…

Напиши коментар