Sweet Home

Спектакуларен дом опкружен со вода

Сте сонувале ли да живеете во место кое го опкружува прекрасна тиркизна површина ? Ви овозможуваме Вашиот сон делумно да се оствари, преку совршената идила, сопственост на архитектот Charles Sieger.

Совршената симетрија која е највидлива од птичја перспектива и се огледува во секој дел од архитектурата на резиденцијата во Мајами. Преку 10.000 метри квадратни се опкружени со канал кој придонесува за средновековен изглед. Во внатрешноста преовладуваат повеќе теми, прецизирани со ентузијастичка линија. Класичниот изглед, совршено го надополнува луксузниот ентериер, особено е впечатлив црниот кристален лустер во преубавата кујна, а прецизноста е изразена и во романтичните и уникатни спални соби.

Долгите дрвореди го следат патот до мостот и ја надополнуваат пејзажната архитектура на целата сопственост, со патеките издигнати на неколку нивоа кои водат кон раскошните рибници и фонтани. Колку и да изгледа фиктивно и нереално, грандиозната резиденција е огромна потврда дека совршеноста, сепак…постои !

 

Напиши коментар