Sweet Home

Спектакуларeн модерен дом во Мадрид

Налетавме на едно архитектонско решение кое едноставно ќе Ве фасцинира…Станува збор за модернистички уреден дом кој се наоѓа во северниот дел на Мадрид. Тоталната површина на овој дом изнесува импресивни 875 метри квадратни, а сопствениците на овој дом навистина можат да бираат дури и додека сонуваат. Во внатрешноста има ни помалку ни повеќе, туку 7 спални. Од естетска гледна точка, овој дом има навистина невообичаена, совршена надворешност. Како дел од него е и огромниот базен, со налик на огледало кој заедно со прекрасно уредената градина, обезбедува простор за активности на отворено. Во близина на базенот има прекрасен простор, наменет за семејни собири, вечери или забави.

Ентериерот е дефиниран со прозорци од подот до таванот,  па така, секоја од собите има прекрасен поглед  на бујната, зелена природа. Во приземјето се наоѓа гостинска соба со директен пристап до надворешноста, соба со домашна кино проекција, фитнес и гаража. Во моментов, вилата е на продажба и нејзината цена изнесува 10,333,781 американски долари.

Напиши коментар