Здраво тело

Спиете со запалено светло … го зголемувате ризик факторот за рак !!!

Ноќната светлина го уништува видот и создава замор поради недоволното лачење на хормонот мелатонин, хормонот на спокојство.

Американската медицинска асоцијација почна да спроведува политика на намалување на изложеноста на вештачко светло, особено во ноќните часови, вклучувајќи го и светлото од мониторите на компјутерите и другите електронски апарати. Големата секојдневна изложеност на вештачко светло го пореметува правилниот циклус на спиење, а со самото тоа е причинител на голем број заболувања на организмот.

Имајќи го фактот дека веќе илјадници години луѓето живеат во складот со 12 часовен циклус на светлост и мрак, не треба да се чудиме на негативните ефекти на запалените светла ( вештачките светла) “ – истакнува кардиологот Nort Shour Директор на медицинскиот центар во Масачусец.

Ризик од рак

Студиите на животни покажале дека изложеноста на светлина во период од 24 часа драматично го зголемува ризикот од некои видови рак. И студиите направени на луѓе, откриле врска помеѓу изложеноста на ноќна светлина и честите будења и  зголемениот ризик од рак на дојката.

Изложеноста на светлина во текот на ноќта го пореметува и производството на мелатонинот, неопходен за спиење. Се верува дека мелатонинот може да го спречи развојот на рак, додека во спротивно, може да го забрза. Уште во 2007, Меѓународната агенција за истражување на рак, утврдила дека поради работењето за време на ноќна смена, е „ најверојатно канцерогено“. Некои студии укажуваат на тоа дека зголемената изложеност на ноќна светлина, може да го зголеми ризикот од дебелина.

Напиши коментар