ШоуБиз

Спомените како стриптизер на Channing Tatum!

Matthew McConaughey и Joe Manganiello, кои заедно со актерот Channing Tatum глумат стриптизери во филмот „Magic Mike“, постојано се шегуваат на сметка на своите улоги, но на Channing воопшто не му е до шала.

Актерот пред да започне да глуми се занимавал со стриптиз и открива дека тој период од животот воопшто не му е забавен и не се гордее со тоа што тогаш го работел.

–          Бев лик кој се соблекуваше, а кога бев облечен носев облека која беше смешна и глупава. Не уживав во соблекувањето. На сцена сте и луѓето го скандираат вашето име, па би требало да се чувствувате како ѕвезда. Сепак, јас не се гледав себе си како ѕвезда. Далеку од тоа. Се чувствував како да сум нешто најдолно! – тврди актерот.

За среќа, тој набрзо успеал во актерската индустрија и веќе осум години го работи тоа.

–          Дури сега почнав да ги разбирам некои работи. Сакам и понатаму да соработувам со луѓе од кои можам многу да научам!

Напиши коментар