Motherhood

Спречете ги стриите во бременоста !?!

Бременоста е најубавиот период во животот на една жена кој сепак носи промени на нејзиното тело, и во физичка и во психичка смисла. Кожата на стомакот поради големиот притисок и растегнувањето е склона кон појава на стрии, кои исто така можат да се појават на градите, бедрата и задникот. За да ги избегнеме стриите, треба да почнеме кожата да ја негуваме  и  храниме правилно и на време.

Незаменливиот shea путер –  Ова е наједноставниот начин со кој можете да влијаете на стриите. Путерот е познат и како karite путер. Традиционално се користи во Африка за нега на бебињата, а погоден е и делотворен кај стриите бидејќи ја подобрува еластичноста и мекоста на кожата. Едноставно, загрејте го со рацете така што ќе се стопи и нанесете го на кожата.

Особено препорачливи за време на бременоста се квалитетните растителни масла богати со минерали, витамини и многу други состојки. Јагликата, дивата роза, невенот и јојобата исто така ја хранат кожата, ѝ даваат еластичност,  влажност и тонус. Со редовна кожа, Вашата кожа ќе стане мека и заштитена. За таа цел, во шишенце со темни стакла додадете 20 ml јојоба, 20 ml  плод од дива роза и 20 ml шипинки и комбинацијата во вид на масло, нанесете ја после туширање.

Ако се одлучите за користење на ова масло, не заборавајте да се консултирате со аромотерапевт. Во горенаведената смеса од растителни масла, може да додадете 4 капки есенцијално масло palmarosa,  2 капки розово дрво и 4 семиња од морков кои ќе ги стимулираат клетките и епителизацијата и ќе ја подмладат кожата. Освен ова, може да користите и ylang ylang, мандарина или здравец.

Масла кои можете да ги користите за време на бременоста се: роза, розово дрво, јојоба, јаглика, бергам, чемпрес, бор, германска и римска камилица, портока, мандарина, бадем, лимон.

Масла кои треба да ги избегнувате за време на бременоста се: анасон, тарос, босилек, естрагон, нане и лаванда.

Напиши коментар