Повеќето жени, после породувањето се соочуваат со вишок килограми, но и со појава на стрии на стомакот. Не постои начин да предвидите дали ќе ги добиете овие непривлечни траги на кожата, бидејќи тоа зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја генетиката и квалитетот на кожата…
Стриите се резултат на оштетувањето на колагенот и еластичното ткиво на кожата, кои се како белези – кога еднаш ќе настанат, невозможно е да ги отстраните, само можете на различни начини да ја намалите нивната забележливост. Најчесто се појавуваат во 35та или 36та недела од бременоста…
Доколку сакате да ги избегнете, применувајте го следново:
Хидратација – Хидрираната кожа има помали шанси за појава на стрии.
Исхрана – За спречување на стриите, најважни се витамините А и С, кои може да ги внесете преку портокал, црвени пиперки, домати, зелен зеленчук, брокула, зелка, свеж лимон, грејпфрут, киви, јагоди и друго зрнесто овошје ( витамин С ), како и јајца, риба, морков, компир, манго, папаја и лубеница ( витамин А ).
Вежбање – За време на бременоста, физичката активност е доста важна, за качувањето на килограмите да биде постепено. Наглото качување килограми, ја предизвикува појавата на стрии.
