Во емисијата „Oprah Show“ Џулија Робертс претставува спреј за отстранување на пестицидите од овошјето и зеленчукот кој можеме сами да го направиме дома. Можеме да го употребиме за најголем дел од овошјето и зеленчукот. Топло ви препорачуваме исто да ги измиете и цитрусните овошки и банани (пред да ги излупите).
Составни компоненти на спрејот:
1 чаша вода
1 чаша бел алкохолен оцет
1 лажица сода бикарбона
Упатство:
Составните компоненти измешајте ги и ставете ги во стаклен сад на кој може да се стави спреј. Овошјето напрскајте го од сите страни. Оставете го така да делува 5 до 10 минути а потоа исплакнете го под млаз вода.
За поголеми количини овошје припремената течност налијте ја во поголем сад и во неа ставете го овошјето и зеленчукот.
