Убавина

Спремете ја кожата за ова лето!

Кожа- најголемиот човечки орган

Што би правеле без неа: кожата не штити, грее, лади, мириса….Затоа е важно да и посветиме адекватна нега- посебно во лето кога е изложена на штетното влијание од сонцето.

Еве неколку совети како да ги одредите и негувате најчестите типови на кожа

Сува кожа

Сувата кожа е најчесто груба на површината и се лупи.Често има и црвенило. Особено е осетлива на ладно но и на сув воздух. Ако влегувате во оваа категорија морате пред излегување на сонце да нанесете крема која ја храни кожата. Треба да користите производи со ph вредност околу 5.

Мрсна кожа

Ако имате мрсна кожа за вас се идеални лосиони и креми за тело кои се резредени со вода.Освен тоа наутро и навечер добро е да користите благо млеко з чистење.Не се препорачува да нанесувате многу крем особено да избегнувате многу масен крем.

Мешан тип

Овој тип обично има мрсна кожа на челото, носот, обрзите и брадата. Пред годишниот одмор мачкајте се со крема која не содржи многу масти, туку ја влажни кожата и ќе ги избегнете мозолчињата кои се појавуваат кога масната крема ќе ги затне жлездите. Така ќе го подобрите тенот и ке бидете подготвени за одморот што следува.

Чуствителна кожа

Последниве години луѓето се почесто се жалат на осетлива кожа. Ако не сте сигурни дали се работи за алергија или само иритација на кожата посетете дерматолог.

Здрава кожа

За сите кои имаат здрава кожа важи правилото: кој премногу интензивно ја чисти кожата, освен бактериите и нечистотијата од кожата го симнува и заштитниот слој кој таа го произведува. Затоа важи правилото-помалку е подобро!

 

 

Напиши коментар