Motherhood

Спремни за нов член во семејството ? Одберете ја вистинската раса на куче !!!

После неколкумесечните убедувања и исполнетите обврски од страна на Вашите деца, навременото извршување на домашните задачи и обврски, одлуката е донесена: Ќе ја исполните желбата на Вашите деца, за куче во домот… Додека нивната воодушевеност се зголемува, Вие размислувате каков да биде новиот член во семејството. Загриженоста е оправдана, бидејќи одредени раси на куче, не се најпаметен избор за детско домашно милениче, со оглед на агресивната природа и малиот праг на толеранција за сите „ изјави на љубов “ на Вашите најмили…

Изберете го другарчето на Вашето дете, како совет од ветеринари  и вистински познавачи на животни:

1. Кокер шпаниел – Меко крзно, со долги уши и секогаш расположен за игра. Ова куче е избор број еден, за домашно милениче на Вашите деца, особено ако се мали. Познавачите ќе се согласат дека оваа раса е фантастична за семејствата со деца – мали се, преслатки, не прават многу галама и не се злопамтила, кои ќе вратат доколку Вашето дете „ искаже малку повеќе љубов “. Ако се одлучите за оваа раса, проверете дали има заболување, кон кое овие кучиња се генетски склони и кое може да предизвика силни болки во вратот и главата.

2.Лабрадор – Доколку имате двор, а со тоа, поголем простор, за малку поголемо куче, за Вас Лабрадор е идеален избор. Големи кучиња, но многу добродушни и послушни, лесни за тренирање… Многу се дружељубиви и ги сакаат прошетките… На Вашите деца со нив, нема да им недостига друштво за трчање.

3.Шнауцер – Доколку барате куче кое секогаш ќе биде со Вашето дете, определете се за шнауцер, тешко дека ќе погрешите и покрај нивното почесто лаење. Но затоа се пак послушни, паметни и приврзани за семејството. Шнауцер е тип на куче кое има вистински „ семеен “ карактер.

4.Мопс – Нешто како, „ помал брат “ на боксерот. Токму поради тоа стручњаците го препорачуваат за семејства со помали деца ( иако боксерот е одличен миленик силен е и може без проблем да го собори детето на возраст од 1 до 3 години ). Мопсот ги има сите добри карактеристики на боксер, само во помало тело. Има одличен карактер и не бара многу. Во суштина, мопсот е вистинска маза и сака да поминува доста време во семејниот круг.

5.Мешанче – Големо срце, благодарен карактер и способност, да го наполни Вашиот дом со предаденост и љубов. Мешанчето е повеќе од идеален миленик на Вашето дете. Со тоа, на Вашето дете му овозможувате пријателче за цело детство. Ретки се приликите каде што може да видите што значи добрина во пракса. Покрај тоа, Вашето дете може да научи и кои се последиците од лошото однесување кон животните. Доколку се одлучите за него, нека биде постаро од 9 месеци, бидејќи тогаш се утврдува неговиот карактер, тогаш е подготвен да ги научи новите правила и да се навикне на новиот дом.

Напиши коментар