Здраво тело

Спротиставете и се на дебелината

Стравувате дека од богатата празнична трпеза сте качиле повеќе килограми? Се плашите дека нема да можете да одолеете на сите видови слатки? Еве неколку едноставни стратегии кои ќе ви помогнат да ги избегнете чоколадните искушенија.

Научниците откриле дека ментата ја спречува желбата за чоколадо. Пеперминтот и ментолот целосно ќе ја одбијат вашата желба за слатки.

Нутриционистите го советуваат следново: кога одите во купување на намирници, немојте да одите со празен желудник. Орбнете внимание на калориите на производите кои ги купувате.

Исто така, кога ќе видите некое слатко на кое неможете да му одолеете, помислете на тоа колку време ќе треба да вежбате за да ги стопите калориите од тоа задоволство.

 

Напиши коментар