Дали е во прашање недоволна самодоверба кај детенцето, или пак проблеми во минатото што претставувале траума која како последица ја родила срамежливоста?
Срамежливоста е особина карактеристична како за децата, така и за возрасните луѓе. Да си срамежлив значи да имаш проблем со комуникацијата. Денес во психологијата е распространета следната гледна точка: срамежливоста се формира како резултат од негативно искуство што возникнало во процесот на комуникација на детето и оставило трага во неговата свест. Друга причина може да биде ниската самодоверба – да мислиш дека си полош од другите или не толку добар како нив. Поради таа причина детето може да избегнува контакт со останатите зошто подсвесно не сека да ја трауматизира и без тоа повредената самодоверба.
Ако срамежливоста е проблем за детето потребно е ваше ангажирање во решавањето на проблемот и тоа веднаш и деликатно. Улогата на родителот е да го упати детето во социјалното пространство.
Појавата на срамежливот најчесто се среќава во семејства каде несвесно го „врзувате“ детето кон себе и не му давате шанса да го почувствува своето Јас. На пример, размислете дали се изразувате вака: Ние бевме во парк…Ние цртавме…Ние ја научивме првата буква…Се во множина. И кога детето е без вас, тоа нема сопствен идентитет.
Исто така срамежливоста се појавува во семејства каде преовладува авторитарен стил на воспитување. Тоа се семејства кои решиле да го направат своето дете идеално. Сите недостатоци се исмеваат и има строг систем за мотивација и казна за незавршените задачи.
Ако забележите дека вашето дете има потешкотии во комуникацијата, анализирајте го своето однесување, веројатно дошло времето да ги коригирате своите методи на воспитување. Никогаш не го нарекувајте срамежливо. Не го споредувајте со другите. Детето ќе почувствува дека се разликува од другите и вие не сте задоволни од него, па како резултат ќе добиете уште поголема недоверба во себе.
