Среќата е премногу експлоатиран поим. “Среќен роденденден” “Среќна Нова Година” “Со Среќа” “Среќно” “Среќни празници” “Ви посакувам многу среќа” “Кај си среќо моја”. Англискиот јазик прави разлика помеѓу среќа како чувство ( happy ) и среќа како среќни околности ( luck ).
Одлука
Луѓето сакаат да бидат среќни но всушност тие ни себеси ни на другите не им посакуваат среќа бидејки среќата понекогаш знае да биде и многу досадна. Среќата е всушност одлука , тоа нека ви биде под број еден.
Неразмислувањето
Не треба да размислуваш за среќата, едноставно одлучуваш да бидеш среќен. Не лажете се себеси дека сте среќни доколку тоа навистина и не го посакувате . Купувањето на книги за среќа е навистина идиотски. Наместо да слушате совети од некои среќни луѓе бидете навистина среќни и погрижете се за вашата среќа.
Проверете да не сте случајно веќе среќни
Можеби размислувате дека не сте среќни , а всушност сте. Повеќето од нас обожаваат да бидат несреќни бидејќи, токму тоа нив ги исполнува и ги прави среќни . Јас на пример уживам во врнежливите денови . Уживам во мојата омилена музика која не ме депремира ,тогаш сваќам дека сум среќна и се обидувам да се сетам зошто сум била несреќна.
Тело
Луѓето не сакаат среќни будали. Не сакаат луѓе кои се бакнуваат со своите колеги и кога не се за љубење, мислат дека постојано нешто не е во ред со нив . Да бидеш среќен денес е навистина оригинално. Морате да се навикнете на тоа да бидете во малцинство ,како месо во лош бурек. А да бидеш различен не е лесно ,за тоа треба сила.
Далековидност
Немојте да се сконцетрирате на несреќните моменти . Погледнете подалеку, небо, ѕвезди. Целата работа е во перцепцијата . На полно поле со цвеќе мувата наоѓа гомно,на полно поле со гомна пчелата наоѓа цвеќе. Бидете пчела. Невозможно е да бидеш потполно несреќен. Престанете да барате причина да бидете бесни.
