Здраво тело

Среќата е голема одлука ,дали сте и вие помалку неодлучни ?

Среќата е премногу експлоатиран поим. “Среќен роденденден”  “Среќна Нова Година”  “Со Среќа”  “Среќно”  “Среќни празници”   “Ви посакувам многу среќа”  “Кај си среќо моја”. Англискиот јазик прави разлика помеѓу среќа како чувство ( happy ) и среќа како среќни околности ( luck ).

Одлука

Луѓето сакаат да бидат среќни но всушност тие ни себеси ни на другите не им посакуваат среќа бидејки среќата понекогаш знае да биде и многу досадна. Среќата е всушност одлука , тоа нека ви биде под број еден.

Неразмислувањето

Не треба да размислуваш за среќата, едноставно одлучуваш да бидеш среќен. Не лажете се себеси дека сте среќни доколку тоа навистина и не го посакувате . Купувањето на книги за среќа е навистина идиотски. Наместо да слушате совети од некои среќни луѓе  бидете навистина среќни и погрижете се за вашата среќа.

Проверете да не сте случајно веќе среќни

Можеби размислувате дека не сте среќни , а всушност сте. Повеќето од нас обожаваат да бидат несреќни бидејќи, токму  тоа нив ги исполнува и ги прави среќни . Јас на пример уживам во врнежливите денови . Уживам во мојата омилена музика која не ме депремира ,тогаш сваќам дека сум среќна и се обидувам да се сетам зошто сум била несреќна.

Тело

Луѓето не сакаат среќни будали. Не сакаат луѓе кои се бакнуваат со своите колеги и кога не се за љубење, мислат дека постојано нешто не  е во ред со нив . Да бидеш среќен денес е навистина оригинално. Морате да се навикнете на тоа да бидете  во малцинство ,како месо во лош бурек. А да бидеш различен не е лесно ,за тоа треба сила.

Далековидност

Немојте да се сконцетрирате на несреќните моменти . Погледнете подалеку, небо, ѕвезди. Целата работа е  во перцепцијата . На полно поле со цвеќе мувата наоѓа гомно,на полно поле со гомна пчелата наоѓа цвеќе. Бидете пчела. Невозможно е да бидеш потполно несреќен. Престанете да барате причина да бидете бесни.

Напиши коментар