Art & Crafts

Среќата се учи за 21 ден !!!

Задоволството и среќата се учат исто како и училишните лекции!!!

Секој човек може да научи да биде среќен и тоа за само 21 ден со помош на ментални вежби и позитивен став кон животот.

Луѓето кои себе се сметаат за среќни не се ни убави, ниту богати, ниту пак успешни… тоа што ги издвојува од другите е нивното животно откритие, тие откриле што ги прави среќни, нивниот живот и дневни активности се во согласност со нивната потреба за среќа.

Нивото на серотонин, хормонот на среќа, зависи од нашето детство, односно колку сме биле среќни во детството. Наследните особини и искуства од детството сочинуваат само 50 проценти од нашиот потенцијал да бидеме среќни…останатите 50 проценти зависат од самите нас!!!

„Луѓето можат да научат да бидат среќни или барем весели и задоволни. Следејќи неколку златни правила и примена на различни техники на ментални вежби, секој може да го постигне чувството на исполнетост и внатрешно задоволство. Можно е да се контролираат и да се поразат негативните мисли. Според науката за среќа секој може да научи да биде среќен за само 21 ден. Со помош на ментални вежби, мозокот создава пат кон среќата, истовремено правејќи ја среќата навика“ – тврди професорот Martin Seligman од Универзитетот Пенсилванија.

Смеењето е најдобар рецепт за трајна среќа

Рецептот за среќа се состои во задолжителни дневни дози на насмевки. Смеењето поттикнува хемиски реакции кои го отстрануваат стресот и напнатоста. Насмеаниот се чувствува поубаво од тажниот. Насмеаниот човек праќа позитивни вибрации кои ги привлекуваат другите луѓе и лесно воспоставува контакт со среќни луѓе.

Грижата за другите не прави среќни

Многу е полесно да давате среќа отколку да ја добиете, не се мислете, помогнете им на оние на кои им е потребна помош. Усреќете мало дете тоа ќе Ви врати со најголема среќа неговата невина насмевка ќе Ве направи уште посреќни. Помогнете на постара личност, нејзината благодарност ќе Ве исполни… Луѓето кои се грижат за другите се посреќни од оние кои се грижат само за себе!!!

Светот е плодно место за создавање среќа… пронајдете ја !!!

Повежбајте среќа!!!

Напиши коментар